Македонската фудбалска легенда Горан Пандев беше дел од последната генерација на Интер која предводена од Жозе Мурињо во 2010 година освои „триплета“ (Лига на шампиони, Куп на Италија, Серија А).
Во Истанбул можност за такво нешто ќе има Манчестер Сити, а Пандев смета дека тоа ќе биде дополнителен притисок за фудбалерите на Пеп Гвардиола и дека Интер има свои шанси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Манчестер Сити изгледа како голем фаворит, но и Интер има свои оружја со кои може да им направи проблем. Да не бидеме во заблуда поради победата од 4:0 против Реал Мадрид. Ова е финале кое се игра на неутрален терен и воопшто не е исто кога играте дома. Исто така тие бркаат „триплета“ и тоа претставува дополнителен притисок“.
„Сити е тим кој сака да доминира, Баерн се обиде да наметне своја игра, но не им успеа. Мора да бидете во најдобра физичка кондиција за финалето, подготвеноста игра голема улога во вакви натпревари“, изјави Пандев.
Пандев е среќен и за успехот на Инѕаги кој иако не се очекуваше го одведе тимот до финалето.
„Среќен сум за Инѕаги, добиваше критики, но не успеа да се изолира и да си ја заврши работата на најдобар начин. Неговата ротација е подобра од пред неколку месеци и секако тоа е добра вест за Интер“, додаде Пандев.