Академија Пандев ја прифати понудата на Шкендија за Љупче Дориев, кој кариерата ќе ја продолжи во тимот од Тетово.
Академија Пандев потврди дека до разделба дошло бидејќи Дориев сакал нов предизвик.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Желбата за промена и нови предизвици кај фудбалерот, беа клучен фактор за реализација на трансферот, а ние како клуб му посакуваме многу успеси во понатамошната кариера. Љупче ти благодариме за се што направи за нашиот клуб“, соопштија од Академија Пандев.
Трансферот беше официјализиран вчера за 70.000 евра, а Дориев денес го одработи првиот тренинг со Шкендија.