Дома Фудбал Англија Падна сигурен потпис во редовите на „Топчиите“

Падна сигурен потпис во редовите на „Топчиите“

Фудбалерот на Арсенал, Мохамед Елнени потпиша денес нов повеќегодишен договор со екипата од Северен Лондон.

Елнени во јануари 2016. година од Базел премина во Арсенал за пет милиони фунти и одигра 65 натпревари за лодонскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оваа сезона одигра 26 натпревари и постигна гол во победата од 6:0 против Бате Борисов во Лига Европа во декември.

„Мо е искусен интернационалец и беше дел од репрезентацијата на Египет која се пласираше на СП во Русија. Му честитаме на Мо за новиот договор и се радуваме на неговиот допринос за екопата во следните сезони“, се наведува на официјалниот сајт на Арсенал.

Египет ова лето ќе игра на Мундијалот првпат по 1990. година, а ќе биде во групата А заедно со домаќинот Русија, Саудиска Арабија и Уругвај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…