Дома Актуелно Падна и ПСЖ, ВАРДАР шампион на Европа! (Видео)

Падна и ПСЖ, ВАРДАР шампион на Европа! (Видео)

Македонија денес слави, Вардар е новиот ракометен европски шампион.

Момците на Раул Гонзалес водеа скоро во текот на целиот натпревар, а на крајот со гол во последната минута Чупиќ донесе победа од 24:23 и големо славје.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Штербик како и секогаш беше фантастичен, иако и Омејер на спротивната страна покажа дека е страшен чувар на мрежата, сепак не го спречи ударот на Чупиќ.

Во финишот се случуваше вистинска драма, Дибиров промаши од крилна позиција за обезбедување на победата, па потоа ПСЖ постигна гол за изедначување, а на Вардар и Раул Гонзалес му останаа само осум секунди до крајот. Но и тие беа доволни за нашиот тим да стигне до гол кој значеше, освојување на титулата и влез во историјата.

БРАВО ВАРДАРЕ!

Шампиони:

Голот на Чупиќ за победа:

Македонија слави:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Уште еден репрезентативец на Македонија ќе паузира долго време поради повреда

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров се соочува со нов голем …