Дома Топ вести Падна договор: Левандовски во Барселона за 50 милиони

Падна договор: Левандовски во Барселона за 50 милиони

Сагата околу трансферот на Роберт Левандовски конечно заврши, откако Баерн Минхен и Барселона постигнаа договор.

Каталонскиот гигант ќе плати 50 милиони евра во кои се вклучени и бонуси, а голгетерот на Баерн Минхен до крајот на викендот треба да потпише тригодишен договор и да се пресели на „Камп Ноу“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Роберт Левандовски во Барселона. Баерн штотуку ѝ соопшти на Барса дека ја прифаќа конечната понуда. Конечно постигнат договор меѓу сите страни. Левандовски побара од Баерн да си замине во петок, тој ќе биде во Барселона за време на викендот“, објави Романо.

Левандовски после седум сезони го напушта Баерн Минхен, а со Барселона ќе потпише договор до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…