Дома Трансфер зона Падна договор: Атлетико се засили од Тотенхем!

Падна договор: Атлетико се засили од Тотенхем!

Атлетико Мадрид го реши прашањето на десната бековска позиција во последниот ден од преодниот рок.

Повеќе извори од Шпанија и Англија потврдуваат дека Мет Доерти од Тотенхем се сели во Атлетико.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Договорот се потврдува и со заминувањето на бразилскиот ветеран Фелипе во Нотингем Форест, „јорганџиите“ мораа да се ослободат од неговата плата да за регистрираат нов играч.

Треба да се спомене дека Жонатан Клаус од Марсеј беше прва мета на Атлетико, меѓутоа францускиот клуб не ја прифати понудата за позајмица со право на откуп за девет милиони евра.

Исто така трансферот на Мет Доерти е најава дека Тотенхем ќе го заврши трансферот на Педро Поро од Спортинг Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Леверкузен

Манчестер Јунајтед почна преговори со дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пр…