Дома Фудбал Италија Падна важен потпис во Наполи

Падна важен потпис во Наполи

Од редовите на Наполи и официјално објавија дека го продолжуваат договорот со Матео Политано.

Политано го продолжи договорот клубот од Неапол до летото 2027 година, а неговата плата ќе биде 3.4 милиони евра по сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во редовите на Наполи, Политано пристигна пред почетокот на сезоната 2019/2020 и тоа како позајмен фудбалер од Интер, подоцна неговиот договор беше трајно откупен за 21 милион евра.

За Наполи одигра 175 натпревари, постигна 29 гола и додаде 24 асистенции, па секако дека продолжувањето соработката беше важно за клубот.

Дресот на репрезентацијата на Италија, Политано го носеше на 12 натпревари, постигна три гола и запиша една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул во чест на Жота ги објави сите голови што ги постигна за клубот (Видео)

Поминаа пет дена од трагичната смрт на фудбалерот на Ливерпул и репрезентативецот на Порту…