Дома Фудбал Лига на шампиони Павков по дуелот со Милан: Ако навивачите доаѓаат под прозор нека знаат дека сум на друга адреса

Павков по дуелот со Милан: Ако навивачите доаѓаат под прозор нека знаат дека сум на друга адреса

Mилан Павков како да е човек роден за големи натпревари, после головите против Ливерпул вчера повторно блесна против Милан.

По натпреварот во кој донесе реми за Звезда (2:2) Павков разговараше за клупскиот сајт на Звезда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Секој гол ме радува исто, а најмногу сум среќен поради клупскиот успех. Секој има своја улога во прекините, мојата задача беше да бидам на првата статива. На секоја топка одам со самодоверба и верувам дека ќе постигнам гол. Професионалец сум и секој натпревар ми е важен“.

„Најмногу ми значи поддршката од семејството, но ми значи и поддршката од генералниот директор Звездан Терзиќ. Ќе продолжам во наредниот период да постигнувам голови. Немам навика да разменувам дресови после натпреварот, повеќе сакам да го поклонам на некој навивач на Звезда“.

После натпреварот поротив Ливерпул навивачите на Звезда му пеаа под прозор, па беше запрашан дали сега ќе има иста ситуација.

„Можеби планираат, но мораат да знаат дека повеќе не живеам на таа адреса“, се пошегува Павков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гвардиола го прашаа да бира меѓу Халанд или Исак: Ерлинг не би го заменил ни за Меси или за Роналдо…

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, повторно ја покажа својата доверба кон својот …