Милан Павков во центарот на фудбалска јавност дојде откако со два погодоци на „Маракана“ го сруши големиот Ливерпул.
Павков со двата голови против англискиот гигант излезе од анонимноста, а тие голови сосема добри ги наплати – потпишува нов договор со белградскиот гигант.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите на спрски „Моцарт“, Павков ќе потпише договор до 2023 година според кој ќе заработува 240.000 евра по сезона.
Покрај тоа неговите примања ќе растат од година во година за 60.000 евра, ако биде стандарден првотимец и секако ако остане член на Црвена Звезда.
Овој 24 годишен напаѓач минатата сезона играше одлично за Раднички од Ниш, а оваа сезона покрај двата голови во Ливерпул постигна и пет голови во првенството на Србија.