Црвена Звезда вечерва одигра фантастичен натпревар против Милан во Белград.
На крајот во првиот натпревар од четвртфиналето Звезда одигра 2:2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан два пати водеше, но Звезда можеме да кажеме заслужено успеа да извлече реми. Милан можеше да дојде до предност уште во 12. минута, но тогаш голот на италијанскиот гигант беше поништен после прегледување ВАР поради играње со рака.
До предност „росонерите“ стигнаа во финишот од првото полувреме кога Панков ја погоди сопствената мрежа. Со предност од 0:1 Милан замина на полувреме.
Звезда изедначи од пенал во 52. минута, а на ист начин десет минути подоцна Хернандез обезбеди нова преднсот за Милан. Во 77. минута Родиќ заработи втор жолт картон и беше исклучен. Toгаш изгледаше дека Милан ќе ја однесе победата. Тоа сепак не се случи.
Милан Павков, човекот кој го паметиме од головите во натпреварот со Ливерпул го стресе и Милан. По еден корнер Павков изведе фантастичен скок и го матираше Донарума за конечни 2:2.
Павкооооов!!! 2:2!!! 🔴⚪ #fkcz pic.twitter.com/L28nNbMXUT
— Nasa CZV (@nasa_zvezda) February 18, 2021
ЛИГА ЕВРОПА РЕЗУЛАТИ: Динамо Киев – Клуб Бриж 1:1, Брага – Рома 0:2, Краснодар – Динамо Загреб 2:3, Олимпијакос – ПСВ 4:2, Реал Сосиедад – Манчестер Јунајтед 0.4, Славија Прага – Лестер 0:0, Волсбергер – Тотенхем 1:4, Јанг Бојс – Леверкузен 4:3.