Дома Трансфер зона Официјално: Ѕвездата на Леверкузен потпиша за Лајпциг

Официјално: Ѕвездата на Леверкузен потпиша за Лајпциг

Репрезентативецот на Словенија и ѕвезда на Баер Леверкузен, Кевин Кампл од денес и официјално е нов член на Лајпциг.

Веќе неколку денови се шпекулираше дека Кампл кариерата ќе ја породолжи во Лајпциг, а денес стигна и официјална потврда на трансферот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Германските медиуми пренесуваат дека тимот на Ред Бул на „фармацевтите“ ќе им плати 20 милиони евра за потписот на Словенецот.

Кемпл во минатото играше за еден друг тим на Ред Бул – Салзбург, а потоа преку Борусија Дортмунд пристигна во Леверкузен.

Ова сигурно ќе биде големо засилување за Лајпциг со оглед на фактот што тимот оваа сезона настапува и во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…