Дома Фудбал Италија Официјално: Чезаре Прандели си замина од Фиорентина

Официјално: Чезаре Прандели си замина од Фиорентина

Чезаре Прандели повеќе не е тренер на Фиорентина.

Искусниот италијански стратег си поднел оставка, а причина се резултатите на клубот. Фиорентина за викендот беше поразена од Милан, но конкретно тој пораз не е проблемот. Проблем е што Фиорентина има 13 порази во 28 кола и ако Кротоне, Парма и Каљари не беа толку лоши сигурно ќе стравуваа за опстанокот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Прандели очигледно бил уморен од обидите да ја врати Фиорентина добрите патеки како во минатото. Во последните 11 натпревари овој клуб има само три победи. После поразот од Милан Прандели не се појави на вообичаената прес-конференција.

Тимот до крајот на сезоната сега ќе го води Џузепе Ланчини кој беше сменет во ноември 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…