Дома Фудбал Официјално: Чави потпиша нов договор со Барселона

Официјално: Чави потпиша нов договор со Барселона

Актуелниот шпански шампион Барселона го продолжи договорот со својот легендарен играч, а сега тренер Чави (43) до летото 2025 година.

Доколку понатамошната соработка биде успешна, постои опција за продолжување на уште една сезона.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Чави на клупата на Барселона пристигна на крајот на 2021 година и на 96 натпревари забележа 61 победа, 16 нерешени и 19 порази.

Минатата сезона тој ја предводеше Барселона до првата титула во лигата по четири години, а исто така го освои и шпанскиот Суперкуп.

Чави во текот на својата играчка кариера 17 години го носеше дресот на Барселона со која освои 25 трофеи, а за каталонскиот клуб одигра вкупно 767 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд по триумфот над Италија: Манчини почна да ме допира по задникот!

Фудбалерите на Норвешка одржаа лекција на Италија на гостински терен на крајот од квалифик…