Откако пред неколку дена Франк Рибери го продолжи договорот со Баерн Минхен, денес истото го направија уште двајца ветерани.
Имено, наварскиот клуб денес официјално соопшти дека Арјен Робен и Рафиња ставиле потписи на нови едногидишни договори.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Арјен и Рафиња се во нашите планови и за следната сезона и сигурно ќе имаат важна улога во тимот“, истакна спортскиот директор Салихамиџиќ.
34-годишниот Робен е член на Баерн од 2009 година и веќе стекна легендарен статус. Холанѓанецот оваа сезона одигра 21 натпревар на кои постигна 5 гола и 6 асистенции во Бундес лигата.
? Sporting director Hasan Salihamidzic: "Both @ArjenRobben and @R13_official play important roles in our plans for the coming season." @Brazzo #FCBayern #MiaSanMia pic.twitter.com/Cod51E5vsI
— FC Bayern English (@FCBayernEN) May 11, 2018