Српскиот дефанзивец скоро после цела деценија ја напушти Борусија Дортмунд…
Како и што се најавуваше Невен Суботиќ од Борусија Дортмунд преминува во редовите на француски Сент Етјен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Борусија Дортмунд на својот официјален сајт соопшти дека му излегува во пресрет на својт фудбалер, како и дека со договор на двете страни договорот на Србинот е раскинат за тој да може како слободен фудбалер да премине во редовите на францускиот клуб.
„Имавме многу успех во овие скоро 10 години заедно. Навистина си одлична личност. Ти благодариме на се“.
Покрај Борусија со своја изјава во јавноста излезе и самиот фудбалер.
„Врската помеѓу мене и Борусија ќе ја има засекогаш. Беше прекрасно“, изјави Суботиќ.
??? pic.twitter.com/nBwbtiNOCD
— AS Saint-Etienne (@ASSEofficiel) January 25, 2018