На денешната прес-конференција за медиумите, Бојан Кркиќ објави дека ја завршува кариерата.
„Новиот Меси“, Бојан Кркиќ соопшти дека нема повеќе активно да игра фудбал. Блескаше во познатата академија на Барселона, го најавуваа како наследник на Роналдињо и Меси, како иднина на фудбалот, но никогаш не ги достигна очекуваните висини.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По големата борба и со повредите одлучи да стави точка на 32 години. Информацијата ја објави на конференција на која зборуваше и за други теми, но пред се нагласи дека сака да остане во фудбалот.
Неговиот почеток беше неверојатно, успеа да биде најдобар стрелец во сите млади категории на Барселона во кои настапуваше, а потоа во 2007 година влезе во првиот тим покрај Роналдињо, Меси, Давид Виља, Тиери Анри…За Барселоан подоцна одигра 163 натпревари и постигна 41 гол.
По Барселона Кркиќ играше за Рома, Милан, Стоук, Ајакс, Мајнц, Алавес, Монтреал и на крајот во Висел Кобе, но никој никаде не го разбирал како неговиот прв тренер.
„Тренерот кој најмногу ми значеше беше Франк Рајкард. Не само што ми дозволи да дебитирам, туку и затоа што кај него имав континуитет“, изјави Кркиќ.
⚡️ 𝙇𝙄𝙑𝙀 𝙉𝙊𝙒 ⚡️
— FC Barcelona (@FCBarcelona) March 23, 2023
😢 Bojan Krkic announces his retirement.
"I'm here today to communicate that I'm putting an end to my career."
𝗪𝗔𝗧𝗖𝗛 𝗡𝗢𝗪 𝗢𝗡 𝗕𝗔𝗥𝗖̧𝗔 𝗧𝗩+
🖥 https://t.co/y4T6zDr7Hl pic.twitter.com/sXu0Z0cweW