Дома Фудбал Останато Во Барселона освои се што можеше да се освои и беше соиграч со Меси, а денес продава велосипеди

Во Барселона освои се што можеше да се освои и беше соиграч со Меси, а денес продава велосипеди

Бојан Кркиќ своевремено важеше за голем талент, доволно е да се каже дека го сруши рекордот во Барселона кој го држеше Меси за најмлад дебитант во сениорскиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кркиќ за Каталонците дебитираше на само 17 години, потоа освои и се што може да се освои, но неговата кариера не се развиваше во целост онака како што фудбалската јавност очекуваше.

Кариерата ја заврши неодамна во дресот на јапонскиот Висел Кобе, а настапуваше утше за клубови како Рома, Милан, Ајакс, Стоук…Сепак, веднаш по завршувањето Кркиќ започна и нов бизнис, партнер му е поранешниот соиграч Андрес Иниеста.

Имено, Кркиќ и Иниеста отворија фирма за продажба на велосипеди која го носи името „Гуава Спорт“. Со оглед дека се нови на пазарот во овој момент поседуваат само еден модел, но истиот чини 7.000 евра.

Поранешниот фудбалер најави и дека наскоро ќе проба во велосипедизмот.

„Кога влегов во овој проект знаев дека ќе почнам да се занимавам со велосипедизам. Тоа е добар начин да се комбинира спортот и дружењето. Наскоро би можел да учествувам на трки и мислам дека сум спремен. Секогаш сум го сакал тој спорт“, истакна Кркиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…