Дома Фудбал Официјално: Сетиен повеќе не е тренер на Барселона

Официјално: Сетиен повеќе не е тренер на Барселона

Тоа што се најавуваше изминатите денови, сега стигна и официјална потврда – Кике Сетиен повеќе не е тренер на Барселона.

Позицијата на Сетиен беше нестабилна после изгубената титула во Примера, а после дебаклот во Лигата на шампиони јасно беше дека ќе добие отказ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Каталонскиот клуб денес официјално потврди дека го раскинува договорот со искусниот стратег кој на кормилото пристигна во јануари оваа година.

Прв фаворит за негов наследник е Роналд Куман, а медиумите тврдат дека се договараат последните детали и Холанѓанецот во наредните денови ќе биде назначен за нов тренер на клубот од „Камп Ноу“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тренерски „земјотрес“ во Премиер лигата – Андони Ираола?

Андони Ираола ги брои последните месеци на клупата на Борнмут, а неговиот следен клуб може…