Maкедонскиот дефанзивец Никола Серафимов и официјално ќе има нов клуб. Серафимов се збогува со својот досегашен клуб Залагерсег и според најавите ќе направи трансфер во редовите на МОЛ Фехевар.
Во Унгарија Серафимов пристигна од Академија Пандев, откако претходно имаше една неуспешна епизода во Чешка. За Залаегерсег играше во одлична форма и неколку пати добиваше место во тимот на колото.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако се остварат најавите за трансфер во МОЛ Фехервар тоа сигурно ќе биде негов чекор напред во кариерата.
„Сакам да кажам – благодарам за се! Ова беше прекрасна авантура со одлични соиграчи, тренерски штаб и навивачи. Имам најубави спомени и ви посакувам среќа во иднина, сега дојде време за разделба“, стои во објавата на Серафимов.
Во изминатата сезона Серафимов на 31 натпревар постигна четири гола.