Македонската фудбалска репрезентација во последните моменти од вчерашниот натпревар против Молдавија испушти победа.
Со голот на Бојан Миовски во завршницата од првиот дел Македонија дојде до предност која ја одржуваше се до 87. минута кога Молдавија постигна гол и дојде до изедначување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од нашите најстандардни репрезентативци во одбраната Никола Серафимов, смета дека пропуштените шанси биле главната причина што Македонија не победи на овој натпревар.
„Беше тежок натпревар, Молдавија не е наивен противник. Беше тешко да се пробие нивниот блок. Мислам дека голот го постигнавме навреме, одлично игравме во второто полувреме и креиравме неколку шанси за втор гол, но ни се случи непишаното фудбалско правило и пристигна казната за промашувањата. Но, нема за што да жалиме, овој натпревар не беше за бодови. Сепак, знаеме дека нема повеќе пријателски натпревари секогаш се оди на победа. Сигурно дека треба да го кренеме нивото на нашата игра, особено концентрацијата и фокусот во текот на целиот натпревар и да не ни се повторуваат истите грешки, пореди кои и во минатото сме останувале без бодови. Црна Гора е поквалитетен противник, нè очекува тежок натпревар, но имаме уште два дена за подготовки и одиме на победа“, изјави Серафимов.
Следен предизвик за фудбалерите ќе биде репрезентацијата на Црна Гора против која играме во понеделник од 18:00 часот.