Дома Фудбал Официјално: Севиља има нов тренер!

Официјално: Севиља има нов тренер!

Екипата на Севиља вечерва на својот официјален сајт го потврди доаѓањето на новиот тренер во клубот.

Севиља на својот сајт потврди дека нов тренер на екипата е – Пабло Макин!

Тренерот кој направи чудо во Гирона (ги спаси од испаѓање во Секунда, ги внесе во Примера и сезоната ја заврши на десетата позиција) стави потпис на договор на пет години.

Макин тренерската кариера ја започна на само 25 години, а познат е по тоа што ја форсира формацијата 3-5-2 со која во Гирона правеше чуда.

Медиумите во Шпанија оваа потврда од Севиља ја зимаат како најава за отварање на патот на Микел Артета кој сега наводно е главен кандидат за седнување на тренерското столче на Гирона.

Во прв план се истакнува тоа што Гирона има силни врски со Манчестер Сити каде што Артета му беше помошник на Гвардиола оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бешикташ го чека Палас во Истанбул: домаќините со силен адут пред дуелот во Лига Европа

Бешикташ влегува во натпреварот со одличен домашен биланс, додека Кристал Палас пристигнув…