Кон крајот на минатиот месец Херта објави дека се разделува со петмина играчи, а без дилеми најголемото име помеѓу тие петмина беше Саломон Калу.
Така 34 годишниот офанзивец од Брегот на Слоновата Коска доби слободни документи и тргна во потрага по нов клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Херта го отпиша искусниот Калу поради неговата одлука во екот на пандемијата со коронавирусот на Фејсбук во живо да емитува видео од соблекувалната на берлинскиот тим на кое можеше да се види дека и неговите соиграчи не ги почитуваат мерките и препорките за заштита.
Новиот ангажман на Калу беше потврден доцна вчера вечер. Новиот клуб на Калу ќе биде бразилски Ботофаго.
Ботофаго веќе некое време „лови“ големи имиња на светскиот фудбал. Пред Калу тие го доведоа Кеисуке Хонда и двајцата сега ќе бидат заштитни лица на клубот од Рио Де Женеиро.
Bienvenue, Kalou! Craque marfinense é o novo jogador do BOTAFOGO! #PutFire ⭐?? pic.twitter.com/xchDuigGTp
— Botafogo F.R. (de ?) (@Botafogo) July 9, 2020