Дома Фудбал Италија Официјално: Рома службено го загуби мечот со Верона

Официјално: Рома службено го загуби мечот со Верона

Италијанската фудбалска федерација денес донесе одлука мечот од првото коло од Серија А помеѓу Верона и Рома да го запише со службен резултат 3:0 за домаќините.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа одлука беше донесена после „аматерската“ грешка која ја направија од таборот на Рома.

Имено, фудбалерот од средниот ред, Амаду Дијавара бил регистриран на листата на У22-играчи, а не во главниот тим, но од Рома не забележиле дека тој наполнил 23 години на 17 јули.

Ова значи дека тој немал право на настап, а беше во стартниот состав, па поради ваквиот пропуст Рома го загуби мечот на зелена маса со службен резултат 3:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан испратил понуда за ѕвездата на ПСЖ

Милан испрати конкретна понуда до Пари Сен Жермен за Гонсало Рамош, објави Фабрицио Романо…