Робињо го промени клубот, но не и земјата.
Легендарниот бразилски фудбалер од Сиваспор направи трансфер во Инстанбул во редовите на Башакешир. Робињо со Башакешир потпиша договор на две години (1+1). Сивас ќе добие оштета од два милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сивас е на деветтата позиција на табелата, а сега преминува во клубот кој е лидер во турскиот шампионат.
„Мојата најголема цел е тука да бидам шампион. Соиграчите одлично ме дочекаа, како и сите во клубот. Многу сум среќен што ќе бидам дел од ова семејство“, изјави Робињо на претставувањето.
Оваа сезона за Сивас, Робињо постигна осум погодоци. Во Башакешир ќе го носи дресот со број 70.