Како и што се очекуваше, младиот Французин стана член на „кралевите“.
Реал Мадрид го официјализираше првото засилување ова лето во клубот пристигна поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Депортиво Алавеш, Тео Ернадес.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот лев бек ќе потпише шестгодишен договор со клубот од Мадрид, а на „Бербеу“ ќе му биде замена на бразилскиот репрезентивец Марсело. Неговото претставување е закажано за 10 јули.
Ернарсз минатата сезона настапуваше за Виторија како позајмен фудбалер од Атлетико Мадрид и прикажа фантастични настапи, па очекувано привлече големо внимание.
Барселона исто така сакаше да го доведе овој фудбалер, но „кралевите“ беа побрзи. Реал за неговите услуги ќе плати 24 милиони евра колку и што изнесуваше неговата откупна клазула.