Дома Трансфер зона Официјално: ПСЖ го претстави третото засилување вредно 32 милиони евра

Официјално: ПСЖ го претстави третото засилување вредно 32 милиони евра

Беше само прашање на време кога Пари Сен Жермен ќе го претстави ново, трето засилувње оваа сезона.

После Пабло Сарабија и Андер Ерера го доведоа Дијало, капитенот на младата репрезентација на Франција.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Овој трансфер беше договорен од пред два дена, откако Фавр му соопшти на Диало дека не може да му гарантира место во првите 11 после доаѓањето на Хумелс. Брзо беше воспоставен контакт откако извија за Де Лихт. Искешираа 32 милиони евра колку што бараше Борусија и работата експресно се заврши.

Дијало потпиша договор на пет години.

„Голема чест ми е што станав дел од клубот каков што е ПСЖ. Секогаш зборував дека проектот ми се допаѓа. Заота ова е голем чекор во мојата кариера. Ќе дадам се од себе за овој клуб. Имам големи амбиции, исто како и ПСЖ“, изјави Дијало.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…