Дома Топ вести Официјално: ПСЖ го врати Мбапе во првиот тим!

Официјално: ПСЖ го врати Мбапе во првиот тим!

Изгледа дека се случува пресврт во ситуацијата помеѓу Мбапе и Пари Сен Жермен, откако утрово се појавија информациите дека двете страни успеале да се договорат, сега пристигнува уште една потврда во таа насока.

Имено, ПСЖ потврди дека Мбапе е вратен во првиот тим.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„По конструктивните и позитивни разговори помеѓу ПСЖ и Мбапе пред натпреварот со Лориент, фудбалерот е вратен на тренинзите на првиот тим“, објави утрово францускиот шампион.

Последните информации беа дека Мбапе прифатил продолжување на соработката, но во договорот да има и откупна клазула за наредното лето.

Како што сега стојат работите, Мбапе и во наредната сезона ќе ги брани боите на клубот од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…