Дома Останати Кошарка Официјално: Перо Антиќ избран за нов претседател на МКФ

Официјално: Перо Антиќ избран за нов претседател на МКФ

Македонската кошаркарска легенда, Перо Антиќ денеска беше избран за нов претседател на Македонската Кошаркарска Федерација.

Антиќ како единствен кандидат беше избран на Собранието кое денеска се одржи во „Сквер 21“ во Скопје. Инаку, Антиќ беше единствен кандидат откако претходно од трката се откажаа Владимир Темелковски и Петар Наумоски.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Антиќ кој беше предложен од 15 членки, а поддржан речиси од сите ќе биде деветиот претседател на МКФ.

Новиот претседател побара дополнителни 15 дена за формирање на Управниот одбор и Надзорниот одбор.

Во комбинација за негови соработници се споменуваат Тодор Гечевски, Владимир Георгиевски, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Марин Докузовски…

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Семењо има клаузула која би го олеснила трансферот уште во јануари

Крилото на Борнмут Антоан Семењо, кој е поврзуван со повеќе водечки клубови во Премиер лиг…