Она што се најавуваше изминатите денови доби официјална потврда. Оскар се сели во Кина, во тимот на Шангај СИПГ, кој за неговите услуги плати немаде 60 милиони фунти.
Оскар ќе го напушти Челзи кога ќе се отвори јануарскиот преоден рок и ќе се пресели во Шангај СИПГ.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„25-годишниот фудбалер ќе се пресели во Кинеската супер лига на почетокот од јануарскиот период. Тој беше фудбалер на Челзи четири и пол години, и даде допринос да ја освоиме Премиерлигата, Лига Купот и Лига Европа“, стои во соопштението на Челзи.
Бразилецот ги договори личните услови со кинескиот клуб и ќе биде еден од најплатените фудбалери на светот, односно ќе заработува помеѓу 25 и 30 милиони евра по сезона.