Арсенал го комплетираше трансферот на Мартин Одегард од Реал Мадрид за 40 милиони евра.
Одегард последните шест месеци ги помина на „Емирати“ на позајмица од Реал Мадрид и покажа одлични партии.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Норвежанецот се врати во Реал Мадрид, но очигледно за него немаше место во тимот на Анчелоти, па „кралевите“ се согласија да го продадат.
Арсенал за неговиот потпис плати 40 милиони евра, а Одегард потпиша 5-годишен договор со „топџиите“.
„Мартин Одегард ни се приклучи на перманентен трансфер од Реал Мадрид. Тој ќе го носи дресот со бројт осум“, е дел од соопштението на Арсенал.