Дома Фудбал Англија Норвич експресно се врати во Премиер лигата!

Норвич експресно се врати во Премиер лигата!

Mинатата сезона Норвич го загуби премиерлигашкиот статус, меѓутоа „канаринците“ по само една сезона во Чемпионшип се враќаат во англиската елита.

Норвич е лидер во Чемпионшип со 90 освоени бодови, осум повеќе од второпласираниот Вотфорд и дури 14 повеќе од третопласираниот Свонси. Брентфорд и Свонси денес одиграа реми, а тоа за Норвич значеше и математички обезбедување промоција.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Инаку, во Чемпионшип може да бидеме сведоци на една интересна ситуација. Имено, покрај Норвич во добра ситуација да се борат за пласман во Премиер лигата се Вотфорд и Бурнемоут. Ако и овие две екипи изборат промоција тогаш сите три екипи кои лани испаднаа експресно би се вратиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сити, Реал, Барса? Каде ќе заврши 16-годишниот магионичар од Мексико? (Видео)

Жилберто Рафаел Мора Замбрано, или само Мора, младиот мексикански фудбалер, веќе го привле…