Премиерлигашот Норвич денес го именуваше Дин Смит за нов стратег и му го довери тимот за продолжение од сезоната.
Френк Лампард беше во завршни преговори за оваа позиција, но сепак на крајот клубот се реши за поранешниот стратег на Астон Вила. Норвич е само четвртиот клуб во кариерата на Смит претходно го водеше Валсал (260 натпревари), Брентфорд (143 натпревари) и Астон Вила (138 натпревари).
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со Норвич го чека тешка задача затоа што овој тим се наоѓа на последното место на табелата во Премиер лигата и еден од главните кандидати за преселба во понизок ранг.