Англискиот репрезентативец Хари Мекгваер блесна на Мундијалот и беше најголема трансфер желба на Манчестер Јунајтед, но на крајот остана во Лестер.
Денес Мекгваер ги разреши сите дилеми околку својата иднина и стави потпис на нов договор со Лестер со кој се обврза на верност до 2023 година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека со новиот договор дефанзивецот ќе заработува неделна плата од 80.000 фунти.
✍️???????????⏰@HarryMaguire93's last 1️⃣4️⃣ months!
#Maguire2023 pic.twitter.com/D5XDUsPo3M
— Leicester City (@LCFC) September 9, 2018
25-годишниот дефанзивец пристигна во Лестер минатото лето од Хал за 17 милиони фунти и веднаш се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, притоа одигра одлично на Светското првенство.
Жозе Мурињо силно го посакуваше Мекгваер во своите редови и ова лето понуди 60 милиони фунти, но „лисиците“ не сакаа да го пуштат фудбалерот за сума помала од 75 милиони фунти.