Дома Фудбал Италија Официјално: Наполи не патува во Торино, Јувентус ќе победи со службени 3:0

Официјално: Наполи не патува во Торино, Јувентус ќе победи со службени 3:0

Хаосот во Италија околу дербито помеѓу Наполи и Јувентус продолжува, па според последните информации дефинитивно нема да се одигра.

Поради позитивните три случаи во Наполи, Зјелински, Елмас и еден од член на стручниот штаб здравствените власти не му дозволија на Наполи синоќа да отпатува во Торино.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потоа се огласи раководството на Серија А и потврди дека натпреварот не е одложен, а  Јувентус преку соопштение потврди дека вечерва во 20:45 ќе излезе на терен.

Здравствените власти доцна синоќа појаснија дека не станува збор за забрана, туку само за препорака, па се очекуваше Наполи утрово да отпатува во Торино.

Последните информации од Италија говорат дека Наполи донел дефинитивна одлука да не патува во Торино, па натпреварот ќе биде заведен со службен резултат 3:0 за Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…