Напаѓачот на Барселона, Мунир Ел Хадади денес го комплетираше трансферот во Севиља, потврди клубот од Андалузија.
Мунир имаше договор со Барселона до крјот на сезоната, па откако одби да ја продолжи соработката јасно беше дека ќе го напушти „Камп Ноу“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој постигна договор со Севиља за 4-годишна соработка, па можеше на лето да се пресели во клубот како слободен агент.
Меѓутоа, двата клуба се договорија трансферот да биде реализиран во јануари за симболична сума, па Севиља за неговиот потпис плати 1,5 милиони евра.
? DEAL DONE: Sevilla have signed Munir from Barcelona for €1.5m. (Source: @SevillaFC_ENG) pic.twitter.com/XJrUKnhbku
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 14, 2019