Дома Трансфер зона Официјално: Мињоле после шест години го напушти Ливерпул и потпиша за нов клуб

Официјално: Мињоле после шест години го напушти Ливерпул и потпиша за нов клуб

Сега веќе поранешниот голман на Ливерпул, Симон Мињоле се врати во својата татковина.

Мињоле во Ливерпул од доаѓањето на Алисон не бранеше премногу и прилика добиваше само во куповите и пријателските натпревари.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


После шест години на „Енфилд“ Мињоле премина во Клуб Бриж во трансфер вреден 6.5 милиони фунти.

Овој 31 годишен голман минатата сезона бранеше само два пати, а вчерашниот натпревар во Комјунити Шилд во кој беше резерва против Сити беше негов последен за Ливерпул.

Според пишувањето на британските медиуми Мињоле во текот овој припремен период од Клоп побарал да го продаде со цел да оди некаде каде што ќе биде прв голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…