Дома Фудбал Италија Официјално: Милан продаден за 1.2 милијарда евра

Официјално: Милан продаден за 1.2 милијарда евра

Mилан е продаден на американскиот инвеститор „РедБирд Капитал Партнерс“ за 1.2 милијарда евра, потврди денес славниот итаијански клуб.

Со оваа потврда завршен е процеост на промена на сопствениците кој сега веќе поранешниот сопственик „Елиот“ фондот сакаше да ја направи подолго време.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ред Бирд“ има удели во Бостон Ред Сокс, Ливерпул и Њујорк Сити, а меѓу инвеститорите е и Леброн Џејмс кој нема да има директна сопственост туку тоа ќе го направи преку вложување во фонд.

Оваа компанија е тешка 75 милијарди долари и ќе се обидат да го врат Милан во врвот на европскиот фудбал.

„Сакаме да го вратиме Милан каде што му е местото, а тоа е врвот на европскиот и светскиот фудбал. Имам големо искуство во оваа работа и убеден сум дека навивачите на Милан ќе ги направиме горди“, изјави основачот на „Ред Бирд“ Гери Кардинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиола е 100% сигурен дека Родри ќе блеска повторно

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е “100% сигурен” дека Родри ќе се в…