Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао и официјално е нов играч на италијанскиот гигант Милан.
20-годишниот Леао доаѓа на „Сан Сиро“ од Лил во трансфер тежок 35 милиони евра, од кои „росонерите“ 30 милиони ќе платат во кеш и во спротивен правец ќе го испратат младинецот Тиаго Џијало.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леао минатата година блесна во дресот на Лил и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милан беше најбрз и ја победи конкуренцијата.
Португалецот потпиша 5-годишен договор со „росонерите“ и ќе го носи дресот со број 17.