Манчестер Јунајтед денес официјално го претстави првото засилување за новата сезона.
Станува збор за сега веќе поранешниот фудбалер на Свонси, Даниел Џејмс кој има само 21 година, а на „Олд Трафорд“ пристигнува за сума од 17 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој фудбалер важи за голем талент, а зад себе во Чемпионшип имаше солидна сезона во која одигра 33 натпревари постигна четири гола и додаде девет асистенции.
Тој долго се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а на крајот конечно дојде до потпис на договорот.
Ова е само првото засилување, а со оглед на тоа каква сезона имаше Јунајтед јавноста и навивачите очекуваат тие да доведат барем уште неколку.
When it comes to discussing Ole and our ambitions, @Daniel_James_97 nails it! ?
If you like this, you'll ♥️ his first full interview with us ?
— Manchester United (@ManUtd) June 12, 2019
https://www.youtube.com/watch?v=zKhhoZtwhtI