Maнчестер Сити ја потврди големата промена на директорската позиција.
Како што е потврдено на клупскиот сајт, Чики Бегиристајн по 12 години дефинитивно го напушти Сити, а на негово место пристигнува Уго Вијано.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Португалецот се докажа на местото спортски директор во Спортинг Лисабон, доволно е да се каже дека го „намириса“ Виктор Ѓеќереш и го донесе од Ковентри за 24 милиони евра.
Сити образложи дека Вијано во наредните месеци ќе биде во контакт со Бегирстајн кој ќе го запознае со работата која целосно ќе ја преземе од летото 2025 година.
Не треба да се заборави дека Чики Бегиристајн е еден од најважните луѓе што Пеп Гвардиола одлучи да дојде во Сити во 2016 година, бидејќи преговараше и со Манчестер Јунајтед. Исто така голем успех имаше во Барселона во периодот од 2003 до 2010 година.