Дома Фудбал Германија Официјално: Лусијан Фавр нов тренер на Борусија Дортмунд

Официјално: Лусијан Фавр нов тренер на Борусија Дортмунд

Кога ја напушти Ница беше само прашање на време! Борусија Дортмунд денес објави – Лусијан Фавр е нов тренер на „милионерите“!

Борусија Дортмунд на својот официјален Твитер продил објави дека потпишале договор со искусниот Швајцарец со 2020 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фавр на промоцијата само кратко порача: „Водењето на Борусија ќе биде вистинско задоволство за мене“.

Да потсетиме, ова не е прв пат Борусија да го „напаѓа“ Фавр. Минатото лето пред да пристигне Питер Бош, спортскиот директор на Дортмунд Ханс Јоаким Вацке се обиде да го обезбеди потписот на Швајцарецот. Сепак, тогаш не успеаа да се договорат.

Како што пренесува „Билд“ Борусија како оштета на Ница и платила сума од три милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …