Ромелу Лукаку конечно го комплетираше трансферот во Наполи каде потпиша договор до 2027 година.
Белгиецот лани беше на позајмица во Рома, а претходно во Интер. Во Челзи беше надвор од плановите на менаџерот Енцо Мареска па доаѓа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ по инсистирање на тренерот Антонио Конте.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Лукаку во Наполи ќе зема 12 милиони евра бруто по сезона, а трансферот е тежок 30 милиони евра.