Олимпик Марсеј денес го претстави првото големо засилување за следната сезона, а станува збор за бразилскиот репрезентативец Луис Густаво.
Луис Густаво беше на мета на многу клубови откако стана јасно дека ќе го напушти Волфсбург, а на крајот Бразилецот го избра Марсеј.
Тој потпиша 4-годишен договор со францускиот клуб, каде ќе заработува неверојатни 8 милиони евра по сезона.
Покрај Волфсбург Густаво настапуваше уште и за Баерн Минхен, Хофенхајм и Коринтианс.
Коментари