Сега и официјално, Луис Адриано ја напушти екипата на Милан и кариерата ќе ја продолжи во Спартак Москва.
Адриано на „Сан Сиро“ пристигна во 2015-та година како големо засилување од украински Шахтјор, меѓутоа тој не ги оправда очекувањата. Оваа сезона тренеро Монтела му даваше многу мала минутража и реше да ја промени средината.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Долго време се шпекулираше дека Бразилецот ќе се пресели во Русија и деновиве тој и официјално стави потпис на договор со московски Спартак до 2020-та година.
„Среќен сум што пристигнав во Спартак. Ќе дадам се од себе за што поскоро да се вклопам во екипата. Се надевам дека ќе постигнам многу голови и ќе му помогнам на клубот да ја освои шампионската титула“, порача Луис Адриано.