Дома Фудбал Италија Официјално: Лацио има нов тренер!

Официјално: Лацио има нов тренер!

Се чинеше дека ќе остане и верува дека може да обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона, но Маурицио Сари поднесе оставка на местото тренер на Лацио.

Во претходниот месец се изгледаше дека Сари полека ја губи довербата во тимот. Од победата над Баерн единствена светла точка беше триумфот на гости кај Торино.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иако тимот од Рим во Минхен пристигна со позитива од првиот натпревар, евидентно беше дека е само прашање на време кога Баварците ќе ја тресат мрежата на Иван Проведел и ќе обезбедат пласман во четвртфиналето.

Медиумите во Италија во понеделникот објавија дека Сари одлучил да остане на клупата и дека целта е петтото место кое најверојатно ќе води во Лигата на шампионите. Но, утрово италијанскиот тим објави дека Сари официјално заминува, а него ќе го наследни помошникот Џовани Мартушијело кој потпиша договор до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сè е лесно во Баерн Минхен: Компани испиша фудбалска историја

Баерн Минхен вчера го победи Ајнтрахт Франкфурт со резултат од 3:0 и така испиша фудбалска…