Дома Фудбал Англија Официјално: Лампард се врати во Челзи!

Официјално: Лампард се врати во Челзи!

Како и што се најавуваше Френк Лампард повторно е тренер на Челзи, клубот предмалку го потврди враќањето на клупската легенда.

Во соопштението Челзи потврди дека Лампард е назначен за привремено решение за остатокот од сезоната.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Среќни сме што го пречекуваме Френк назад на Стемфорд Бриџ. Френк е легенда на овој клуб. Додека го продолжуваме нашиот темелен и исцрпен процес за постојан главен тренер, сакаме да им обезбедиме на клубот и на нашите навивачи јасен и стабилен план за остатокот од сезоната. Сакаме да ги искористиме сите шанси за усепх, а Френк ги има сите карактеристики и квалитети кои ни се потребни за да не одведе до целта“, објавија „сините“.

Лампард своето второ деби на клупата на Челзи ќе го има во сабота кога тимот ќе игра против Вулвс, а потоа го чека четвртфиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Атлетик“ објави дека Енрике е најдобар тренер за 2025 година

Шпанскиот стратег Луис Енрике е добитник на престижното признание „Најдобар тренер на годи…