Дома Фудбал Италија Официјално: Клајверт нов фудбалер на Рома!

Официјално: Клајверт нов фудбалер на Рома!

Од денес и официјално – Џастин Клајверт е нов фудбалер на Рома!

Трансферот кој беше договорен уште пред десетина дена денес е официјализран. Мино Раиола успеа да го продаде талентираниот фудбалер во Рома.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Волчицата“ за услугите на Клајверт плати 17.2 милиони евра. Исто така во зависност од одиграните натпревари и резултатите на Рома, Холанѓаните би можеле да добијат дополнителни 1.5 милион евра.

Јасно е дека Раиола во оваа приказна успеа да го победи Ајакс, со оглед на тоа дека вредноста на Клајверт во овој момент е поголема, но за холандскиот клуб проблем беше договорот на фудбалерот кој истекуваше на крајот на наредната сезона.

Сепак, Ајакс успеа да издејствува одреден процент од следната продажба од која би добиле 10%, во случај трансферот да биде со поголема вредност од 25 милиони евра. Ако трансферот биде помал, не би добиле ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еранио: Шампионот Модриќ на 40 години е професор во Италија

Милан под водство на Масимилијано Алегри изгледа како сосема различен тим во однос на мина…