Дома Фудбал Германија ОФИЦИЈАЛНО: Карло Анчелоти повеќе не е тренер на Баерн

ОФИЦИЈАЛНО: Карло Анчелоти повеќе не е тренер на Баерн

Она што утрово го најави претседателот на германскиот гигант сега доби и официјална потврда, Карло Анчелоти повеќе не е тренер на Баерн Минхен.

Да потсетиме, утрово Румениге излезе со изјава во која истакна дека некој мора да сноси одговорност за големиот пораз од ПСЖ, а сега и го добивме одговорот кој е човекот кој плати „најскапа“ цена за вчерашниот пораз.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Баерн на итен состанок одлучи дека е време после 15 месеци Анчелоти да си замине. Во минатата сезона Анчелоти ја освои титулата во Бундеслигата, додека во Лигата на шампионите беше елиминран од Реал Мадрид кој подоцна стана и европски шампион.

Како најсериозен кандидат да го замени Анчелоти на клупата на Баерн до овој момент се споменуваше младиот тренер на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…