Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Гонзало Игуаин кариерата ќе ја продожи во МЛС лигата во дресот на Интер Мајами.
Аргентинецот го раскина договорот со Јувентус и доби бонус од 4 милиони евра, па како слободен агент се пресели во тимот на Дејвид Бекам.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Игуаин ќе биде најплатен фудбалер во МЛС лигата и според договорот годишно ќе заработува 7,5 милиони евра.
„Како прво, сакам да му се заблагодарам на Интер Мајами за напорот што го вложија за да ме донесат. Сигурен сум дека ова ќе биде убаво искуство во мојот живот. Тоа и е она што го барав, ново искуство во нова лига и во убав град. Среќен сум што сум овде и што конечно трансферот стана официјален“, изјави Игуаин.
Without further ado…
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) September 18, 2020
Welcome to Inter Miami, Gonzalo Higuaín! pic.twitter.com/tZ8uPkbqeq