Досегашниот тренер на Севиља, Жорге Сампаоли и официјално беше претставен како нов селектор на фудбалската репрезентација на Аргентина, а пред него се два големи предизвици, да го извлече најдоброто од Лионел Меси и да ја врати довербата на навивачите.
„Ова е остварување на сонот. Секогаш бев воодушевен од оваа позиција. Договор потпишав до Светското првенство 2022 и се надевам дека можеме да направиме нешто добро за народот во оваа земја“, изјави 57 годишниот Сампаоли на конференцијата за новинари.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сампаоли потпиша петгодишен договор, а како што кажа неговата мисија е да изгради тим кој ќе биде почитуван во историјата на аргентинскиот фудбал и да ги врати навивачите на трибините.
Фудбалскиот сојуз на Аргентина на екипата на Севиља со која Сампаоли имаше уште година од договорот и исплати 1.5 милион евра.